Лина не успеа да стигне до финалето на „Триглав куп“ во Скопје

108

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до финалето на „Триглав куп“ што се одржува во Скопје. Ѓорческа во полуфиналето загуби од Ивана Приморац со 0-2 во сетови 4-6 и 6-7.
Нашата тенисерка немаше свој ден иако важеше за фаворит не успеа да ја оправда улогата. Причината за поразот беа сервис грешките, ги имаше дури 14 двојни сервис грешки. Ова е и прва победа на Приморац над Ѓорческа во четвртиот меѓусебен дуел.
Во финалето Приморац ќе игра против Дејана Радмановиќ од Србија која со 2-1 ја победи Јустина Микулските од Литванија.

ПретходноДортмунд извлече три бода од Фрајбург, Хумелс со рекорд
СледноСупер Брајтон го “реши“ Јунајтед на “Олд Трафорд“, Сити и Халанд си газат…(ВИДЕО)