Српскиот напаѓач Александар Митровиќ откри зошто потпишал договор со Ал Хилал од Саудиска Арабија, најтрофејниот тим од Азија. Тој на четири натпревари постигна пет голови.
„Не чувствувам носталгија за Англија и покрај тоа што таму поминав многу години. Сепак, среќен сум што конечно дојдов во врвен клуб. Ал Хилал е нешто како Реал Мадрид во Европа. Задоволен сум овде и сакам да направам големи работи и да освојам што е можно повеќе трофеи“, изјави Митровиќ.
Ал Хилал четири пати бил шампион на Азија, а на претходното клупско Светско првенство беше поразен во финалето.