Младен Жижовиќ со Шкупи, во својот деби настап како тренер на чаирчани успеа да дојде до победа и тоа над Брера Струмица со 1:0. Стрелец на голот беше Луан Абази во средината на второто полувреме.
Инаку самиот стратег од БиХ истакна дека ова за него бил емотивен меч ако се знае дека пред неколку дена во сообраќајна несреќе загина неговиот татко.
“Мислам дека апсолутно ја заслуживме победата. Секако дека имавме и малку среќа во моментите кога гостите ја погодија стативата. Инаку ова за мене беше емотивен меч, тежок меч, се знае и зошто. Токму затоа им блаодарам на моите играчина победата“ истакна Жижовиќ по натпреварот.