Драмата во Неготино му припадна на Голден Арт. Скопскиот состав и во ова коло дојде до целиот плен во доста неизвесен натпревар, а овој пат го совлада Вардар Неготино со 24-26 во меч од групата Б.
Ракометарите на домашниот тим беа нешто подобри до почетокот на второто полувреме. Водеа со 4-2, па со 10-7, на одморот имаа позитива од два гола (14-12).
По последните 19-16, гостите со серија од 5-1 го свртеа мечот и поведоа со 20-21. По 22-25 се чинеше дека Голден Арт го има мечот в раце, но Вардар Неготино се врати и дојде на минус еден 24-25, имаше шанса за реми, но не го искористи последниот напад. Гостите казнија за конечни 24-26.
Шилегов имаше девет гола во триумфот на својот тим, токму тој го постави и конечниот резултат. На другата страна Адамовиќ запиша осум погодоци.
По поразот во езерското дерби, Струга се израдува на првата победа, на домашен терен го победи Куманово со 30-25.
Гостите добро го отворија мечот, поведоа со 1-5, па полека го губеа ритамот. Домаќинот со серија од 4-1 изедначи на 8-8, по што дуелот влезе во вистинка битка. На одморот беше 13-13.
Стружани успеаја да направат мал, но важен чекор. Одржуваа минимално водство од еден до два гока, по што со серија од 5-0 дојдоа на плус пет (24-19) и до крајот не му дозволија на противникот да се врати.
Бугариновиќ со 11 гола беше лидер, кај гостите Димитров запиша девет погодоци.