Сити за една година заработил 150 милиони фунти од продажба на играчи од академијата

176

Манчестер Сити располага со огромен број на млади фудбалери, меѓутоа истите тешко се пробиваат во првиот тим. Јасно е дека Сити располага со голем број на ѕвезди во првата екипа па на младите играчи тешко им е да се докажуваат. Голем дел од нив ја напуштаат академијата и одат да се развиваат во други клубови.

Според „Атлетик“ Манчестер Сити во претходните три трансферни прозорци инкасирал 150 милиони фунти. Од минатото лето па до сега се заработени одлични суми од продажба на млади играчи, а најзначајниот е трансферот на Кол Палмер за 40 милиони фунти пред неколку недели.

Во летниот преоден рок беа продадени голманот Џејмс Трафорд на Барнли за 19 милиони фунти, потоа Ши Чарлс во Саутемптон за 15 милиони фунти, потоа Тејлор Харвуд-Белис исто така потпиша за Саутемптон на позајмица, но клубот има обврска да го откупи договорот за 20 милиони фунти во случај да избори враќање во Премиер лигата.

Карлос Боргес отиде во Ајакс за 17 милиони фунти…

Интересен е случајот со Ромео Лавиа. Гвардиола го потенцираше како фудбалер со голем потенцијал додека играше за Андерлехт У15 во 2018 година. Две години подоцна од Андерлехт тој се пресели во академијата на Сити, а потоа потпиша и профи-договор.

Но во јули 2022 година Лавиа го напушти Сити во насока на Саутемптон за 14,5 милиони фунти, а од таму ова лето направи трансфер во Челзи за 58 милиони фунти иако се работи за момче кое има 19 години.

 

ПретходноСтоле со чиста мрежа, Рајо со победа! (ВИДЕО)
СледноИбрахимовиќ го расплака Верати!