Тиквеш по цел плен во Аеродром, Голден Арт во Неготино!

166

Денеска на програмата се дел од натпреварите од второто коло во Супер-лигата. По триумфот на домашен терен стартот на сезоната, Тиквеш ќе бара нови бодови во рамките на групата А. Кавадарчани се гости на Аеродром, мечот е закажан во 15 часот.

Во истата група, Струга по поразот во езерското дерби ќе го пречека Куманово, тим кој исто така не успеа да освои бодовите во првото коло.

За денеска е закажан уште еден меч, но од групата Б. Вардар Неготино ќе ги одмери силите со Голден Арт. Скопскиот состав зад себе има драма во Автокоманда и цел плен во дербито со Мулти Есенс, па во Неготино патува со голема самодоверба. Д

За утре се закажани три меча, а дербито ќе биде во Охрид. Избраниците на Стевче Алушовски се домаќини на Алкалоид.

Ова коло ќе биде комплетирано во петок со мечот меѓу Пелистер и Мулти Есенс.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 2
16.09.2023 – САБОТА
15:00 часот РК АЕРОДРОМ – ГРК ТИКВЕШ 2014
17:00 часот РК СТРУГА – МРК КУМАНОВО
18:00 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7
17.09.2023 – НЕДЕЛА
17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК СКОПЈЕ 2020
18:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ПРИЛЕП
18:30 часот ГРК ОХРИД – РК АЛКАЛОИД
22.09.2023 – ПЕТОК
18:30 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК МУЛТИ ЕСЕНС
ПретходноЕнрике по поразот: Не сум загрижен, задоволен сум од она што го прикажавме!
СледноМарез се отрул во ресторан и животот му е во опасност