Адеми: Среќен сум што сум пак во Динамо, екипата изгледа добро, а не чекаат големи предизвици во Европа

96

Екипата на Динамо Загреб вчера рутински и повеќе од заслужено стигна до победа над тимот на Славен Белупо на свој терен. Во тимот се врати Аријан Адеми, капитенот, водачот на тимот, кој по кратката авантура во Кина, повторно заигра на Максимир.

„Среќен сум што сум тука. Тешко е било што да се искоментира, освен дека сум среќен што можам повторно да му помогнам на Динамо. Се надевам дека вака ќе продолжиме. Бевме одлични, заслужено победивме. Ми се чини дека екипата е многу добра. Заминаа играчи кои е многу тешко да ги замениш. Мора сега ние што сме тука многу да работиме и да се залагаме за да го надополниме нивното одуство – изјави Адеми па додаде.

„Згора на се имаме и обврски во Европа. Има многу мечеви таму. Најважно е да се сконцентрираме на следната. Секој меч е финале, и се надевам дека ќе бидеме оние вистинските“ – рече Адеми.

 

 

 

ПретходноИнзаги: На навивачите им дадовме причина за славење
СледноПандев од ВИП ложата го гледаше Елмас против “својата“ Џенова!