По шокантниот пораз од Кожув во Гевгелија, не толку од тие 3:2 туку од начинот на кој Пелистер загуби, “врие“ во фудбалска Битола. Голема е нервозата во клубот, па така утринава на тренингот не се појавил Влатко Костов, шефот на стручниот штаб.
Што значи тоа, допрва ќе се дознае, посебно ако се знае карактерот на штипскиот стратег на кого ако нешто не му е по волја, не дискутира туку веднаш дава знаци дека нешто не е во ред, или пак си оди.
Инаку фановите во Битола веќе наголемо, по социјалните мрежи, наголемо го вперуваат прстот кон првите луѓе на клубот и вината за тоа како одигра Пелистер ја вперуваат во нив и во тренерот.
А по пет кола Пелистер е во минус пет бода од лидерот Кожув во ВМФЛ.