Врамени дресови за Стоилов и Ристовски: Столе ти си наша икона!

230

Пред почетокот на дербито меѓу Вардар 1961 и Пелистер во последниот меч од првото коло во Супер-лигата, Михајло Михајловски, човекот кој речиси голем дел од својот живот е со „црвено-црните“ на Стојанче Стоилов и Борко Ристовски им подари врамен дрес во знак на благодарност за сето она што го направија за клубот.

Овој момент предизвика овации во салата, истите беа наменети за Стоилов, екс-капитенот и легенда на тимот: Столе ти си наша икона, ечеше во салата.

Стоилов сега е помошник на Владо Недановски, додека Ристовски е извршен директор.

„Тажен сум бидејќи две вардарови ѕвезди веќе нема да играат во дресот на Вардар, но среќен што остануваат дел од клубот, изјави Михајловски.
ПретходноНиту „Д“ од дерби во „Билјанини извори“: Алкалоид го оддува Охрид!
СледноСоборен рекорд: Во еден ден во Премиер лигата беа покажани 44 жолти картони!