Ливерпул го совлада Вулверхемптон по пресврт со 3-1 и дојде до четвртата победа во Премиер-лигата. „Црвените“ се на третото место на табелата со 13 бода исто колку и Тотенхем, лидер е Сити со максимални 15 бода.
По дуелот, предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше интересен коментар за играта на неговите момци.
„Како првпат да се сретнавме на паркинг пред мечот. На голема среќа што изгледавме толку лошо, што не можеше да биде полошо во второто полувреме. Го променивме составот и еден играч, добивме повеќе на брзина и го контролиравме мечот.
Имаме добар тим, нема сомнение. Денеска имавме суперсилна клупа. Но, и со ваков квалитет можеш да играш лошо, како нас во првото полувреме“.