Толку беше од неверојатната победничка серија на Макс Верстапен со својот Ред Бул оваа сезона во Формула 1. Имено на патеката „Марина Беј“ во трката за ГН на Сингапур, победи Карлос Саинц на Ферари. Шпанецот со тоа ја прекина низата на Верстапен од 10 победи по ред и 15 победи на Ред Бул како тим по ред.
Навистина импресивно.
Саинц славеше пред Ландо Норис на Мекларен и Луис Хамилтон. Леклер заврши како четврти, а Верстапен како петти,кој стартруваше од 11.позиција.