Рома со „седумка“ во мрежата на Емполи, Лукаку со прв гол за „волчицата“

144

Во четвртото коло на италијанската Серија А, екипата на Рома ја забележа првата победа. „Волчицата“ на домашен терен славеше во дуелот со Емполи со 7:0 и со тоа ја оправда фаворитската улога.

Пауло Дибала со гол од пенал го отвори резултатот во 2. минута, шест минути подоцна зголеми Санчез, а во 35 минута со автогол на Граси Рома отиде на водство од 3:0. Во 55 минута Дибала го постигна својот втор гол на мечот, десет минути пред крајот во листата на стрелци се запиша и Кристанте, веднаш по него Ромелу Лукаку го постигна „првенецот“ со дресот на римскиот клуб, а во 90 минута Џанлука Манчини реализираше за 7:0.

За Рома ова е прва победа по ремито во првото коло и двата врзани порази од Верона и од Милан, а  исто така и осма победа по ред над Емполи во најсилната италијанска лига.

Емполи моментално е последен без бодови.

ПретходноБорко се јави: Никогаш не го отпишувајте Вардар!
СледноРеал со пресврт го совлада Сосиедад за „пет од пет“ во Ла Лига (видео)