Екипата на Трабзонспор забележа убедлива победа од 3:0 во дуелот со Бешикташ во дерби мечот од 5.коло на Суперлигата. Македонскиот репрезентативец Енис Барди продолжува со одличните партии, а во 29 минута асистираше за Онуачу кој го постигна својот деби погодок за Трабзон.
Бака зголеми пред крајот на првото полувреме, а Вишќа во 61 минута ги постави конечните 3:0.
Барди играше до 85 минута.Трабзон е четврти со 9 бодови (три победи и два порази), а Бешикташ е на деветтото место.
Loan Watch: Paul Onuachu scores on his Trabzonspor debut vs Besiktas. #SaintsFC pic.twitter.com/p41kknim27
— Just Saints (@JustSaints_) September 17, 2023