Пред почетокот на дербито меѓу Вардар 1961 и Пелистер во последниот меч од првото коло во Супер-лигата, Михајло Михајловски, човекот кој речиси голем дел од својот живот е со „црвено-црните“ на Стојанче Стоилов и Борко Ристовски им подари врамен дрес во знак на благодарност за сето она што го направија за клубот.
Овој момент предизвика овации во салата, истите беа наменети за Стоилов, екс-капитенот и легенда на тимот: Столе ти си наша икона, ечеше во салата.
Стоилов сега е помошник на Владо Недановски, додека Ристовски е извршен директор.
„Тажен сум бидејќи две вардарови ѕвезди веќе нема да играат во дресот на Вардар, но среќен што остануваат дел од клубот, изјави Михајловски.