Поранешниот македонски репрезентативец и екс-тренер на Еуро Никел, Горан Самарџиев отвара нова страница во својата кариера.
Младиот стратег во новата сезона ќе води тим од Словачка, станува збор за Комарно. Овој тим минатата сезона се натпреваруваше во Втората лига, а од оваа е дел од тамошната елита.
„Комарно е клуб со традиција и организиран на високо професионално ниво, што е важно за секој од нас. Пред мене е голем предизвик, но подготвен сум да се справам со него и да ги исполнам очекувањата на клубот. Ќе биде тешко, но јас преземам одговорност. Нема многу време за промени и тимот не е комплетиран, па ни претстои многу работа и секој од нас мора да даде максимум, особено играчите, за да ја разбереме мојата кошаркарска филозофија. Ќе направиме се за да постигнеме успех. Верувам дека ќе имаме добри односи и се надевам дека сезоната ќе биде успешна“, изјави Самарџиев.