нТимот на Интер е на „седмо небо“. Ако има меч на кои овој клуб сака да биде на највисоко можно ниво, тогаш тоа е дербито против Милан. А истото синоќа беше одиграно на највисоко можно ниво. „Петардата“ во мрежата на Милан за навивачите на Интер е најдобриот можен старт на сезоната во Серија А.
„Добро го започнавме натпреварот и ја задржавме концентрацијата во текот на целиот меч, постигнувајќи голови во вистинските моменти од натпреварот. Им честитам на момците за начинот на кој ја започнаа сезоната. Драго ни е што на навивачите им дадовме причина за славење. Минатата сезона ги добивме сите четири дербија за да го подигнеме трофејот и да стигнеме до финалето на Лигата на шампионите за прв пат по 13 години. Направивме само еден чекор, има уште многу да се оди. Минатата сезона освоивме два трофеи и стигнавме до финалето на Лигата на шампионите – тоа ни помогна уште повеќе да веруваме во себе. Сега треба да докажеме дека минатогодишниот успех не беше случајност“, изјави Инзаги.