Екипата на Интер Мајами загуби со 2:5 на гостувањето кај тимот на Атланта Јунајтед во меч од МЛС лигата.
Големата ѕвезда на клубот чиј сопственик е Дејвид Бекам, Лионел Меси, не беше во можност да игра поради повреда. Аргентинецот не настапи за својата земја за време на репрезентативната пауза, по што беше одлучено да не патува за Атланта, бидејќи по овој дуел, Интер Мајами го чека тежок распоред.
Инаку со Меси во составот, Интер Мајами го совлада овој тим со 4-0, два гола беа на Аргентинецот.
Интер Мајами со поразот го зазеде 27-то место во поредокот, Атланта Јунајтед е на 7-та позиција со 13 бода помалку од лидерот Синсинати.
Leo M̶e̶s̶s̶i̶ Campana scores a stunner for Inter Miami 🥵
(via @MLS) pic.twitter.com/ohb8t1c3oE
— B/R Football (@brfootball) September 16, 2023