Кошмарот на Ц. Звезда: Во Србија се чудат како Шкупи испушти таков играч како Сандеј и тоа без пари!

3281

Недела е ден за приказна за Сандеј“…ова е насловот на српски “Моцарт“ за  приказната за Сандеј Адетунџи, интернационалецот од Нигерија кој синоќа во своето деби во Суперигата на Србија ја патосира Ц. Звезда и му донесе победа на Чукарички.

Во овој текст, но и сите во Србија се чудат како еден таков играч на Сандеј се најде во тамошната Суперлига во дресот на Чукарички, како тоа Шкупи испушти таков играч како Адетунџи и тоа без пари.

Посебно ако се знае дека имал понуди од Динамо Загреб, Фенербахче, Брага, Ријека, Гент, Осијек потоа клубови од Русија. Една од тие понуди била вредна 1,5 милиобни евра, но тие “паметните“ од Чаир успеале така да “упрскаат“ па затоа и останале без ниту едно евро. А сега “нивниот “Сандеј ќе блеска во дресот на Чукарички.

Па колку ли барал Шкупи за Сандеј? Секако дека на ова прашање одговор има првиот човек на клубот кој јавно кажа дека Шкупи не смета на Сандеј поради се она што Нигериецот го направил, што го направил.

А Сандеј побарал само да биде продаден и ништо повеќе, и тој да земе добра пара, но и клубот да земе богатство за наши услови.

Но, ете, “махерите“ од Чаир останаа без ниту едно евро. Познато е дека Сандеј како слободен играч замина во Чукарички.

Уште еднаш….како слободен играч!!!

Претходно“Комити“ со пет автобуси патуваат накај Кавадарци…дали ќе ги пуштат на мечот Тиквеш – Вардар?! (ВИДЕО)
СледноМакедонија домаќин на У21 пинг понг Европски шампионат