Пинпонгарската федерција на Македонија во месец јануари следната година ќе организира Европски У21 шампионат. Со тоа, Скопје е повторно домаќин на првенство од највисок ранг, по одржувањето на турнирот од светските серии WTT Youth Star Contender Skopje 2023.
Претседателот на Федерацијата Горан Тиловски е во Малме Шведска на годишен конгрес на Европската пинг понг фдерација(ЕТТУ), каде што се одржува и Европското тимско првенство, на која се потпиша договор за организација на Европскиот шампионат во Скопје.
Ова е прв шампионат од вакви размери кој се организира во Македонија
При посетата претседателот Тиловски се сретна со претставници на ЕТТУ со кои разговараше за самата организација на првенството. Тиловски имаше и неколку средби со претставници на Светската федерација.
На самиот почеток на 2024 Скопје ќе биде домаќин на најдобрите европски пинг понгари до 21 година