Михаилов: Честитки за момците, Силекс покажа карактер против Шкендија, тоа ме радува!

377

 

Силекс попладнево во меч од 7.коло на ПМФЛ, и го нанесе првиот пораз на Шкендија во новата сезона. Но за малку, како што тоа обично тетовци го прават, во последните секунди Шкендија ќе се “извадеше“. Израмни во 90+2.минута, но Лазаревиќ во следниот напад постигна гол за победа од 2:1. Треба да се каже дека на 0:0 Ристовски аматерски шутираше од белат точка, и затоа голманот на Шкендија одбрани.

По мечот за “СпортСпорт“ свој коментар даде и стратегот на кратовци, Горазд Михаилов:

“Секако дека сум задоволен. Честитки за момците, ова е нивна победа. Одиграа феноменално и тактички, беа физички на ниво, како психолошки.Така се победува еден тим како што е Шкендија. Силекс покажа карактер, гостите израмнија во 90+2.минута  а ние во следниот напад повторно постигнавме гол за победа. Ете затоа велам дека покажавме карактер. Силекс на овој меч покажа “заби“, Силекс и дефинитивно се приклучува во битката за висока пласман. Немам веќе што да додадам, освен уште еднаш да им честитам на фудбалерите на Силекс“ заврши стратегот на Силекс.

ПретходноСП: Егоров и Шапиев запрени во осминафинале, Магомедов поразен во квалификации
СледноБугарски Звездец е победник на Меморијалот „Војче Синадиновски“