Спектакл во Кавадарци.Најмалку 5.000 гледачи на трибините на Градскиот стадион во Кавадарци и победа на Тиквеш со фантастичниот гол на Спахиу. Гол за голема радост во фудбалски Кавадарци.
Тренерот на кавадарчани Ѓорѓи Мојсов, за “СпортСпорт“ по мечот истакна:
“Браво за Тиквеш, браво за фудбалско Кавадарци, браво за сите што беа дел од овој спектакл. Ова е фудбал, ова е вистински фудбал. Мислам дека заслужено победивме, и тоа со играч помалку. Имавме неколку шанси, зицери, двапати ја поогодивме стативата, и на крај со супер голот на Спахиу победивме. Јас сум радосен, додека јас сум тренер на Тиквеш овој тим секогаш ќе има високи амбиции. И на крај, нели секогаш е убаво кога се победува Вардар, без разлика на се. Сепак Вардар е Вардар“ заврши Мојсов.