Алкалоид го доби дерби дуелот во второто коло во рамките на групата А. Избраниците на Кирил Лазаров на дело ја покажаа својата класа, во „Билјанини извори“ го совладаа ГРК Охрид со убедливи 22-28 (10-15).
Митев со девет гола беше прв стрелец, пет погодоци имаше Серафимов. На другата страна Цицар имаше шест гола, Шешиќ пет.
Македонскиот вицепрвак моќно го отвори дуелот, поведе со 1-6. На другата страна охриѓани најдоа начин како да се вратат во оваа средба, со серија од 6-1 израмнија на 7-7. Но, тука застанаа. Избраниците на Кирил Лазаров го вратија водството, кое беше минимално, но како одминуваше времето истото го зголемуваа, па пред крајот на првото полувреме истото изнесуваше шест гола (9-15). На одморот Охрид намали на 10-15.
Црвстата одбрана на Алкалоид беше причина за добриот влез во вториот дел, па со серија од 1-4 дојде на плус осум (11-19). Некаде на средината на второто полувреме , гостите зголемија на плус девет (14-23). До крајот не се промени ништо, македонскиот вицепрвак искусно го приведе мечот во својата корист, во 53 минута поведе со двоцифрени 16-26.
Претходно го групата Б, Пролет на домашен терен го совлада Прилеп со 30-25 (17-23).