ПМФЛ: Голчиште на Спахиу за еуфорија во Кавадарци, “војната“ во Штип ја доби Струга ТЛ, Силекс ја „реши“ Шкендија…

2416

Спектакл во Кавадарци пред полни трибини и победа на Тиквеш против Вардар со 1:0 со фантастичниот гол на Спахиу во 77.минута, и тоа со играч помалку ако се знае дека домашните останаа со играч помалку по црвениот картон на Карчески на почетокот на второто полувреме. Фантастична атмосфера, со три погодени стативи во второто полувреме на Спахиу и Тодоров, и Цветаноски кај гостите. Големи три бода за Тиквеш.

 

„Војната“ во Штип ја доби Струга ТЛ. ТРиумф на шампионот од 1:3, но имаше и три црвени,Лвалива кај домашните а Ѓорѓиевски и Бојку кај гостите.

Калпачки кај домашните, Бојку,Ибраими и Укпа беа стрелците кај домашните.

Силекс со 2:1 ја победи Шкендија. До судиското продолжение беше1:0 за Силекс,потоа Шкендија израмни во 90+1, за да Лазаревиќ во 90+3 постигна гол за победа на кратовци.

Работнички лесно на Арената со 2:0 ја победи Воска и тоа со головите на Велкоски од пенал и на Гандо во второто полувреме.

Исто така и Македонија ЃП немаше проблеми со Гостивари триумф од 3:0 со головите на Величковски и Мишевски од пенал. Уште еден гол беше постигнат во последните секундиза конечни 3:0.

Вчера во првиот меч од 7.коло екипата на Шкупи со 1:0 славеше против Брера Струмица.

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 1:3

(Калпачки 56., /Бојку 6.,Ибраими 57., Укпа 90+4.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР 3:0

(Величковски 8., Мишевски (п) 82.,Илиевски 90+3.)

РАБОТНИЧКИ – ВОСКА 2:0

(Велкоски (п) 31., Гандо 59.)

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 2:1

(Милосављевиќ 58., Лазаревиќ/)

ТИКВЕШ – ВАРДАР 1:0

(Спахиу 77./)

ВЧЕРА:

ШКУПИ – БРЕРА 1:0

ПретходноБраво: Иџе повторно е најдобар во Европа!
СледноЧелзи очаен, се врати само со бод од Бурнмаут