Полувреме: Преполно е во Кавадарци, но мрежите мируваат, Струга ТЛ, Работнички и Македонија ЃП со водство, Талевски одбрани пенал!

541

 

Завршија првите полувремиња на петте средби од 7.коло попладнево во ПМФЛ. Во Кавадарци, каде играат Тиквеш и Вардар пред преполни трибини, тука се и двете навивачки групи, “Лозари“ и “Комити“, резултатот е 0:0. И двете екипи се заканија во неколку наврати, Спахиу кај домашните ја имаше најубавата шанса, Педрињо кај гостите, но пауза се замина без голови.

Струга ТЛ води во Штип кај Брегалница, и тоа со голот на Бојку кој најубаво се снајде по грешката на домашниот голман Давков по слободниот удар на Ибраими. И двете екипи останаа со играч помалку, откако Лвалива и Ѓорѓиевски добија црвени картони.

Работнички со голот на Велкоски од пенал има водство на дуелот со Воска. Силекс и Шкендија играат 0:0,кратовци не искористија пенал откако Ристовски „аматерски“ шутираше а Талевски без проблем одбрани.

Македонија ЃП со голот на Величковски води со 1:0 против Гостивар.

ПретходноМакедонија домаќин на У21 пинг понг Европски шампионат
СледноПрекината серијата на Макс: Саинц е победник на ГН на Сингапур!