Пелистер е далеку од посакуваната форма. Иако е старт на сезоната, она што до сега го покажа актуелниот македонски првак е под стандардите на еден тим со европски состав, тим кој настапува во Лигата на шампиони.
Кризата во редовите на Пелистер ја продлабочи вечниот ривал Вардар 1961. Најтрофејниот македонски тим покажа дека триумфот во Супер-купот не е случаен, дека битолчани дефинитивно треба да се замислат.
Порака стигна и од Битола, од оние кои секогаш се со Пелистер. Нормално, сите за разочарани, новото бледо издание е причина за ниваната реакција. Се бара одговорност, од стручниот штаб до спортскиот директор.