Повеќе од јасно е дека во модерниот фудбал едноставно не се може без многу пари, без екстра голем буџет. А таков буџет се полни само со големи спонзорски договори.
А спонзорите се “лепат“ најмногу кај најголемите, кај Реал Мадрид и Барселона кои се просто како магнет за тие спонзори.
Реал е на прво место по добивање на пари од спонзорите кои ги рекламира на дресот и тоа со 190 милиони евра, додека Барселона е втора со 183 милиони евра, следува ПСЖ со 168 милиони.
Во продолжение можете да ја видите листата на клубовите кои заработуваат најмногу од спонзорите кои се рекламираат на дресовите: