Реал со пресврт го совлада Сосиедад за „пет од пет“ во Ла Лига (видео)

230

Екипата на Реал Мадрид останува 100% во шпанската Ла Лига по пет одиграни кола. „Кралевите“ вечерва на свој терен имаа негатива по првото полувреме, но во второто го свртеа резултатот и ги освоија бодовите. Резултатот беше 2:1.

Мечот го отвори Баренечеа во петтата минута од мечот.

Во 46 минута, Фран Гарсија му асистираше на Валверде на околу 16 метри, а Уругваецот со силен шут ја затресе мрежата на гостинскиот голман. Во 60 минута одново Фран Гарсија нафрли од левата страна, а со глава Хоселу погоди за 2:1.

Реал е лидер со 15 бода, а Сосиедад има шест бода (една победа, три ремија и еден пораз).

 

ПретходноРома со „седумка“ во мрежата на Емполи, Лукаку со прв гол за „волчицата“
СледноИбраими вчера дојде до голот бр.190 во ПМФЛ: Струга ТЛ не крие, одиме по нова титула!