Симеоне по убедливиот пораз: Најлош натпревар!

245

Валенсија во петото коло од Ла Лига славеше против Атлетико Мадрид со 3-0. По овој триумф дојде на петото место со девет бода во пет меча, додека тимот на Диего Симеоне по првиот пораз се наоѓа на седмото место со седум бода.

Предводникот на Атлетико Мадрид го коментираше овој убедлив пораз на својот тим.

„Нема што да кажам посебно, сите видоа каков меч одигравме. Валенсија беше подобра и направи се за да победи. Ова е најлошиот натпревар откако сум во овој тим. Не надиграа во сите сгменти, му честитам на противникот.

Не сум бесен, знам кои играчи ги имам на располагање, знам каква сила имаме во соблекувалната, можам да прифатам дека понекогаш се случуваат и вакви мечеви. Фудбалот е прекрасен бидејќи те води до победи кога играш како Валенсија денеска“.

ПретходноИнтер Мајами без Меси е поинаква приказна
СледноСпектакл во Кавадарци: По пауза од 20 години повторно дуел меѓу Тиквеш и Вардар во ПМФЛ!