Фудбалерите на Бурнмаут и Челзи ремизираа без голови во првиот денешен меч од петтото коло од англиската Премиер лига.
Челзи продолжи да ниже катастрофални резултати, а како што игра, таа серија сигурно ќе продолжи. Момците на Покетино сега имаат само пет бода на своето конто, а Бурнмаут остана со два бода помалку од нив.
Челзи нема игра, нема самодоверба и нема квалитет да биде на врвот во Премиер лигата и изгледа дека ќе ја повтори минатата сезона, која беше очајна. Натпреварот во Бурнмаут беше лош под стандардите на Премиер лигата, а Челзи очаен и безидеен, иако имаше неколку можности пред се порадииндивидувалните квалитети на дел о диграчите. Среќа за домашните го имаа голманот Санчез кој им донесе бод.