Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин дад еинтервју за Н1 Словенија во кое зборуваше за бројни теми поврзани со светот на фудбалот. Тој зборуваше и за инцидентот пред дуелот меѓу Динамо Загреб и АЕК во Атина.
Чеферин истакна дека Динамо нема да биде казнет бидејќи во клубот никој не знаел дека ќе допатуваат навивачи.
„Се случи трагедија, но Динамо не знаеше дека навивачите ќе отпатуваат за Атина. Тоа се криминалци и идиоти, кои сами се организирале и заминале во Атина на два дена пред мечот, а потоа го направија тоа што се случи.
Нема да биде фер доколку го казниме клубпт и 99,9% од невините навивачи само поради неколку идиоти кои сега се во затвор. Од кај да знаат во Динамо дека некои хулигани во два часот наутро тргнале кон Грција?“, рече Чеферин.