Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм објави дека нема да игра на Мастерсот во Шангај.
„Со текот на годините, една од најдобрата поддршка што ја добив насекаде во светот беше Кина. Шангај отсекогаш беше еден од моите омилени турнири во сезоната. Ќе ми недостига мојот „Нолефам“ во Кина. Се надевам дека ќе се вратам во Кина во иднина и повторно да играм пред сите вас“, напиша Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ четирипати беше шампион во Шангај. Турнирот е закажан од 4 до 15 октомври, а наградниот фонд ќе изнесува 8.800.000 долари.