Одбојкарите на Звездец од Бугарија се победници на Меморијалниот турнир „Војче Синадиновски“, кој во организација на ОК Работнички 71&22 беше одржан вчера во Скопје.
Во салата „Градски Парк“ беа одиграни четири квалитетни меча во кои, Работнички и Звездец славеа во полуфиналето, а потоа одиграа еден исклучително возбудлив финален дуел. Работнички со 2:0 беше подобар од српски Видовдан, додека Звездец со истиот резултат славеше над УГД Штип.
Во мечот за 3. место, УГД Штип славеше над Видовдан со максимален резултат, додека во меч кој траеше пет сета, Звездец со 3:2 беше подобар од Работнички. Меморијалот се одржува во чест на еден од основачите на ОК Работнички.