Македонија домаќин на У21 пинг понг Европски шампионат

205

Пинпонгарската федерција на Македонија во месец јануари следната година ќе организира Европски У21 шампионат. Со тоа, Скопје е повторно домаќин на првенство од највисок ранг, по одржувањето на турнирот од светските серии WTT Youth Star Contender Skopje 2023.

Претседателот на Федерацијата Горан Тиловски е во Малме Шведска на годишен конгрес на Европската пинг понг фдерација(ЕТТУ), каде што се одржува и Европското тимско првенство, на која се потпиша договор за организација на Европскиот шампионат во Скопје.
Ова е прв шампионат од вакви размери кој се организира во Македонија
При посетата претседателот Тиловски се сретна со претставници на ЕТТУ со кои разговараше за самата организација на првенството. Тиловски имаше и неколку средби со претставници на Светската федерација.
На самиот почеток на 2024 Скопје ќе биде домаќин на најдобрите европски пинг понгари до 21 година
ПретходноКошмарот на Ц. Звезда: Во Србија се чудат како Шкупи испушти таков играч како Сандеј и тоа без пари!
СледноПолувреме: Преполно е во Кавадарци, но мрежите мируваат, Струга ТЛ, Работнички и Македонија ЃП со водство, Талевски одбрани пенал!