Тимот на Милан синоќа на најлош можен начин го одигра градското дерби проти Интер. Загуби со 5:1, во меч кој „Миланезите“ ќе сакаат што побргу да го заборават.
Тренерот на Милан, Пиоли смета дека нема место за паника и дека има уште многу да се игра сезонава.
„Не се согласувам со оние кои велат дека треба да им се извиниме на навивачите на Милан. Мислите ли дека сакавме да добиеме пет гола од Интер? Треба да се извините кога нешто ќе направите намерно. Примавме голови во моменти кога изгледаше дека можеме да го вратиме натпреварот во вистинска насока. Срамота е да се загуби во дербито, особено со ваков поразителен резултат, но бевме во игра до третиот гол. Интер беше попаметен и побрз од нас во решавачките моменти. Очигледно, можеме подобро и ќе работиме на подобро да ги разбереме овие ситуации. Природно е на почетокот на сезоната со толку многу промени да има потешкотии. Главната работа сега е да се подготвиме за Лигата на шампионите. Мојот тим е зрел и ќе може да анализира што тргна наопаку за да можеме подобро во вторник. Само почеток на сезоната и имаме се што ни треба„ – изјави Пиоли.