ПМФЛ: Силекс ја дочекува Шкендија, Работнички на Арената против Воска, Гостивар гостува во Ѓорче

220

За попладнево од 15 часот закажани се пет средби од 7.коло во ПМФЛ. Вчера Шкупи на Чаир со 1:0 ја победи Брера Струмица.

Веројатно дербито се игра во Кратово, каде Силекс кој важи за најефикасниот тим во досегашниот дел од сезоната, ја дочекува Шкендија која оваа сезона има и тоа како шампионски амбиции. Сепак во Кратово ретко кој успеал да се пофали дека успеал како гостин да освои бодови.

Во Скопје на Арената конечно прволигашки фудбал, се среќаваат Работнички и Воска, но потоа пак се затвора и така се до мечот со Англија во ноември.

И во Ѓорче гостува “македонскиот Челзи“, се разбира дека мислиме на Гостивар. Клуб кој ова лето купи 20 играчи, а досега освои само 3 бода и е последен на табелата. А и “лавовите“ досега не одиграа којзнае што. Сепак ќе биде интересно.

Денеска играат и Тиквеш – Вардар како и Брегалница Струга ТЛ.

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

ТИКВЕШ – ВАРДАР

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ

РАБОТНИЧКИ – ВОСКА

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР

ВЧЕРА:

ШКУПИ – БРЕРА СТРУМИЦА 1:0

ТАБЕЛА

Шкендија (-2) 13, Брера 13, Шкупи 12, Силекс (-1) 9, Брегалница (-1) 9, Воска (-2) 7, Тиквеш (-1) 7, Работнички (-1) 7, Струга ТЛ (-4) 6, Македонија ЃП (-1) 5, Вардар (-2) 4, Гостивар (-1) 3 бодови…

ПретходноГоран Самарџиев со прв интернационален предизвик!
СледноПиоли: Нема да се извиниме на навивачите… па зарем намерно примивме пет гола?