Завршија првите полувремиња на петте средби од 7.коло попладнево во ПМФЛ. Во Кавадарци, каде играат Тиквеш и Вардар пред преполни трибини, тука се и двете навивачки групи, “Лозари“ и “Комити“, резултатот е 0:0. И двете екипи се заканија во неколку наврати, Спахиу кај домашните ја имаше најубавата шанса, Педрињо кај гостите, но пауза се замина без голови.
Струга ТЛ води во Штип кај Брегалница, и тоа со голот на Бојку кој најубаво се снајде по грешката на домашниот голман Давков по слободниот удар на Ибраими. И двете екипи останаа со играч помалку, откако Лвалива и Ѓорѓиевски добија црвени картони.
Работнички со голот на Велкоски од пенал има водство на дуелот со Воска. Силекс и Шкендија играат 0:0,кратовци не искористија пенал откако Ристовски „аматерски“ шутираше а Талевски без проблем одбрани.
Македонија ЃП со голот на Величковски води со 1:0 против Гостивар.