Новата дерби пресметка меѓу вечните ривали повторно заврши во корист на Вардар 1961 кој овој пат против Пелистер славеше со 30-25, ова беше последен меч од првото коло во Супер-лигата. Домашниот тим доминираше во текот на целиот меч, без мака дојде до триумфот. На другата европскиот состав кој треба да блеска, засега е само бледо издание, од почетокот беше во негатива, ниту еднаш не успеа да дојде до водство.
Ова е втора победа на Стојанче Стоилов како предводникот на Вардар 1961 против Пелистер. А заслугата оди посебно кај Мартин Томовски, македонскиот репрезентативец запиша 13 одбрани, четири од нив седум метри. Лазаревски и Срдановиќ имаа по шест гола. Лесјак имаше пет гола, Борзаќ имаше шест погодоци.
„Црвено-црните“ отворија со серија од 6-1, Пелистер се мачеше во нападот, а за тоа беше задолжен Томовски кој имаше пет одбрани до 12 минута. Вториот гол за Пелистер исто како првиот од седум метри го постигна Кузманоски за 6-2 во 14 минута.
Јовиќ и Шундовски повикаа тајм-аут, кој не вроди плод, неговиот тим долго време се мачеше, но колку толку успеа да ја наруши комоцијата на противникот. По последните плус пет (8-3), со серија од три гола намали на 8-6 во 20. минута. Петриќ го прекина налетот на противникот.
Вардар 1961 дојде на плус четири (12-8), но Костески и Кузманоски повторно намали на два гола. Пред полувреме Јасухира зголеми на 15-12. Томовски во овој дел имаше седум одбрани, две од нив од седум метри.
Одбрана на Томовски, два гола на Јагуриноски и Лазаревски го однесоа Вардар на нови плус пет (17-12). По една неискористена шанса, Срдановиќ зголеми на плус шест (19-13) во 36 минута. Јовиќ повика тајм-аут, Кузманоски веднаш реализираше за 19-14.
Битолчани со серија од 4-1 намалија на 21-17 на средината на второто полувреме, по што Стоилов повика тајм-аут. Ова беше период во кој домаќинот направи неколку грешки во нападот. Петриќ веднаш одговори за 22-18, но гостите искористија уште две шанси за 22-20 во 50. минута.
Ова беше најава за неизвесна завршница, Вардар 1961 се држеше на два до три гола позитива. Македонскиот првак снема оружје за играта на противникот, едноставно греше, па казната стигна Јагуриновски и Николиќ зголемија на 28-23 во 56 минута. Ова беше доволно за мирна завршница и втора победа на стартот на новата сезона.
Вардар 1961 изгледа шампионски, додека пак Пелистер ќе мора да менува нешто.