Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Шангај

218

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм објави дека нема да игра на Мастерсот во Шангај.

„Со текот на годините, една од најдобрата поддршка што ја добив насекаде во светот беше Кина. Шангај отсекогаш беше еден од моите омилени турнири во сезоната. Ќе ми недостига мојот „Нолефам“ во Кина. Се надевам дека ќе се вратам во Кина во иднина и повторно да играм пред сите вас“, напиша Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ четирипати беше шампион во Шангај. Турнирот е закажан од 4 до 15 октомври, а наградниот фонд ќе изнесува 8.800.000 долари.

Претходно„Player of the match“: Томовски ја спушти ролетната – на Пелистер му се стемни (ФОТО)
СледноБорко се јави: Никогаш не го отпишувајте Вардар!