Вчера Тиквеш со прекрасниот гол на Спахиу го победи Вардар со 1:0 во една прекрасна и спектакуларна атмосфера за наши услови. Убав фудбал, две добри екипи, одличен Тиквеш, преполни трибини и на нив околу 5.000-6.000 гледачи и тоа со две навивачки групи. Тоа одамна го немало на нашите прволигашки стадиони.
Декор и глетка за мерак, за фудбалски мерак.
По мечот, фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Тиквеш отидоа до своите фанови, “Лозарите“ и заеднички ја прославија победата над големиот ривал со кого играа за првпат после 20 години во еден официјален првенствен натпревар.
Браво за Тиквеш, браво за фудбалскo Кавадарци.
Така се сака фудбалот.