Енрике: Не е добро што ПСЖ е опседнат со трофејот од ЛШ

110

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике не сака клубот да е опседнат со трофејот од ЛШ. Во вторник ПСЖ ќе игра со Борусија Дортмунд во 1.коло од групната фаза, тимот од Париз секоја сезона го гледаат како фаворит но никако да го освои ушестиот пехар.

Кога клубот е опседнат со нешто, тоа никогаш не е добар знак. Мора да си амбициозен, се сложувам со тоа, но не и опседнат. Тоа не е добро. Опседнатоста не е добра во животот“, изјави Енрике.

Мора да почекаме и да видиме како ќе започне натпреварувањето, фудбалот е прекрасен спорт, сите резултати се можни. Можете да одиграте неверојатен натпревар и да изгубите, да играте лошо и да победите. Како клуб ги играме сите натпреварувања за да ги освоиме, тоа е целта. Тој е многу амбициозен, но тоа е неопходно“, додаде каталонскиот стратег.

ПретходноЈовиќ пред мечот со Алборг: Верувам дека ќе се издигнеме и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет
СледноСП: И Нуров загуби уште во првиот меч