Милан Лазаревски од меч во меч воодушевува со својата палета на потези. Вардаровиот пикер засега е совршена замена за легендата на клубот, Стојанче Стоилов, кој од оваа сезона е покрај клупата.
На дуелот против Пелистер, тој беше прв стрелец со шест гола, а во првото полувреме демонстрираше еден од своите специјалитети. Битлчани на оваа средба немаа решение за него.
Покрај Лазаревски, на ниво на задачата беше неверојатниот Мартин Томовски со 13 одбрани, четири од седум метри за нова победа на Вардар 1961 во пресметките со вечниот ривал и бранител на титулата, Пелистер.