Милан Илиевски по триумфот над Воска: Работнички најубаво се чувствува на Арената!

205

Работнички вчера, во меч од 7.коло во новата сезона во ПМФЛ, речиси без никакви проблеми ја победи со Воска со 2:0 и со тоа освои значајни три бода.Инаку ова беше трет триумф на тимот на тренерот Милан Илиевски во изминатите натпревари во нашата елитна лига.

“По подолго време се вративме на Арената. Искрено Работнички најубаво, односно најкомфорно се чувствува кога игра на овој стадион, тоа беше беднаш видливо кај играчите. Тие се заслужни за победата, го испочитуваа тоа што се бараше од нив. Ме радува тоа што тимот функционира се подобро и подобро, ова лето донесовме повеќе нови играчи и ќе треба време тие да се воиграат. Воска е минато, сега фокусот е кон наредниот меч, оној во среда во Купот на гости кај Тетекс“ изјави за клупскиот сајт тренерот на Работнички Милан Илиевски.

ПретходноПабло Ласо збесна: Теодосиќ ви се смее во лице а вие….(ВИДЕО)
СледноРафаел Леао за време на дербито со Интер: Па, добро бре, што правите?! (ВИДЕО)