Новак Ѓоковиќ секојдневно е топ тема на разговори, информации, вести во светот на спортот па и воопшто. И тоа со право ако се знае дека Ноле е најдобриот тенисер во историјата, а можеби и најдобар спортист во историјата.
Ретки се тие јавни фаци кои гласно го бранат, тука мислиме на оние од западниот свет, а една таква е Марион Бартоли, тенисерка од Франција и некогашна победничка на Вимблдон.
“Новак нема статус каков што заслужува. Сите ние добро знаеме да беше Американец, со сите рекорди и титули кои што ги има освоено, ќе имаше статуа во секој град. Тоа го нема затоа што е Србин. Србија е мала земја која има и тоа како бурно минато и историја“ изјави Бартоли во едено интервју деновиве.