Кога во една спектакуларна атмосфера ќе постигнеш гол од околу 30 метри и повеќе, и кога тој гол ќе биде доволен за да се победи Вардар, а претходно си играл и добро и си влегувал во гол шанси, а си ја погодил и стативата, тогаш јасно е дека си и играч на колото. Се разбира дека тука мислиме на Едиз Спахиу, младиот напѓач на Тиквеш. Од Тиквеш во тимот на колото е и Миле Тодоров кој одлично одигра во средината од теренот.
Покрај овие двајца во тимот на колото се и Илјази и Илиески (Шкупи),Мишевски (Македонија ЃП), Незири,Бојку и Ибраими (Струга ТЛ), Милосављевиќ и Лазаревиќ (Силекс), како и Гандо (Работнички).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЕДИЗ СПАХИУ
Тим: Тиквеш
Роден:18.03.2001 во Гостивар
Кариера: Шкендија, Гостивар, Тиквеш