Во пресрет на утрешниот меч од Лигата на Шампионите протв Ц. Звезда, во рамките на 1.коло во групата – Г, стратегот на европскиот првак Пеп Гвардиола не криеше дека има големи проблеми со повредите во тимот.
“Имаме проблеми со повредите. Де Брујне и Стоунс уште се надвор од тимот, не знам што е со Ковачиќ и Грилиш. Ќе мора против Ц.Звезда да играат и играчи кои досега не биле во преден план.И не е само овој меч, ние мораме да сметаме и на наредните натпревари. Имаме проблеми за наредните пет средби, не е само утрешниот меч“ се пожали Пеп.