Зошто Јокиќ е толку добар, Обрадовиќ откри нов детал!

1648

Искусниот стратег, Жељко Обрадовиќ беше гостин во една емисија на која покрај сите теми поврзани со Партизан и неговата кариера зборуваше и за Никола Јокиќ.

Тој откри детали за кошаркарот на Денвер, кој ретко ги знае. Јокиќ е целосно посветен на она што го прави, а за тоа говори фактот дека ги следи и тренерските семинари.

„Го видов минатата година кога беа подготовките на репрезентацијата и на Партизан, случајно се сретнавме. Ми откри дека го гледал мојот семинар во Опатија. Јас бев пријатно изненаден. Тоа доволно говори за Јокиќ, чим ги гледа моите семинари, сигурно гледа и други“, рече Обрадовиќ.

И не само тоа, Јокиќ дури ја анализирал играта на Партизан, па испратил абер до него да променат нешто. Предлогот на српскиот центар бил прифатен од искусниот стратег.

„Тој испрати порака преку еден пријател за еден детал од нашата игра. Јас веднаш го прифатив и применив. Треба да им се верува на играчите, на еден кошаркар како што е Никола Јокиќ не можеш да не му веруваш. Неверојатен е. Треба да се послуша еден играч кој освоил НБА прстен и три години игра во НБА-лига. Сепак да не заборавиме дека на крајот тренерот одлучува и баш ме интересира што ќе каже Јокиќ на сето ова што го кажав“, рече Обрадовиќ.

ПретходноИ покрај 7-0, Мурињо најде забелешка: Некои работи не ми се допанаа
СледноБраво за спектаклот: Вака слави Кавадарци, вака слават Тиквеш и “Лозарите“! (ВИДЕО)