И покрај 7-0, Мурињо најде забелешка: Некои работи не ми се допанаа

240

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо чудно, но вистинито беше критичен кон своите играчи и покрај нивната прва победа во Серија А. Неговиот тим вчера го совлада Емполи со убедливи 7-0.

„Добар настап, но тие 7:0 не се важни. Сакавме да победиме со комфорен резултат. Имаше подеми и падови, вклучително и во однос на кондицијата, па не сите беа подготвени да играат 90. минути со висок интензитет. Жалам за Емполи, но тоа е фудбалот. Понекогаш е 7:0. Но сепак некои работи не ми се допаднаа во играта на мојот тим, заедно со тренерите ќе анализираме се подетално“, изјави Мурињо.

Мурињо исто така не се согласува со дефинициите за неговата работа и перформансите на тимот во првите натпревари од сезоната.

„Мислам дека не бев толку страшен тренер како што рекоа минатата недела. И сега не станавме исклучителен тим. Ние сме тим со потенцијал и нашата цел е да одиме натпревар по натпревар и да победуваме. Не ми беше важно дали Лукаку ќе даде гол. Можеби тоа е важно за него, знам дека напаѓачите живеат за голови. Од трансферот тој целосно се предаде на тимот, па не е важно дали ќе постигне гол или не. Секако, по голот се чувствува посреќен, тоа е идеална ситуација за него“, додаде Мурињо.

По овој натпревар, Рома се искачи на 12. место во поредокот на италијанскиот шампионат, со предност од 4 бода.

ПретходноЛазаревски дефинитивно е новиот Стоилов, погледнете го овој елегантен гол (ВИДЕО)
СледноЗошто Јокиќ е толку добар, Обрадовиќ откри нов детал!