Кугларите го одиграа првото коло: Вардар го доби дербито во Битола

58

Македонските куглари изминатиот викенд и официјално го започнаа новото првенство. Се одигра првото коло од МКЛ, а ако по утрото се познава денот, можеме да констатираме дека драматичноста нема да недостига оваа сезона.

Во дерби натпреварот од првото коло во Битола меѓу Пелистер 1982 А и Вардар 2014, гостите беа подобри за само 9 дрва и со 5:3 се вратија во Скопје со драгоцен плен од 2 поени на табелата. Свој ден имаше Коста Ристевски кој воедно беше и играч на натпреварот со 579 , Дарко Димитровски и Пецо Димовски одигра одлично. Кај пелистерци добра игра покажаа само Влатко Трајчевски и Никола Андоновски, но тоа не беше доволно за победа.

Уште еден крајно неизвесен натпревар беше одигран исто во Битола помеѓу женската екипа на Пелистер Пин и Макпетрол Б. Девојките од Битола беа во константно водство од 80+ дрва се до 300-тата кугла кога натреварот веќе се решаваше, младите кугларки од Битола не успеаа да го издржат притисокот и рутински да ја зачуваат предноста, па на крајот макпетролци во последните кугли успеаа да го добијат со 5:3 и предност од 20 дрва.

Макпетрол А во Скопје рутински направи тренинг со девојките на ГТЦ Мусандра, додека машката екипа на ГТЦ Мусандра во Битола убедливо го доби домаќинот Пелистер 1982 Б екипа со 6:2

1-КОЛО – РЕЗУЛТАТИ:

ГТЦ Мусандра – жени 0 : 8 Макпетрол А

Пелистер 1982 Б 2 : 6 ГТЦ Мусандра – мажи

Пелистер 1982 A 3 : 5 Вардар 2014

Пелистер Пин – жени 3 : 5 Макпетрол Б

ПретходноХадсон-Одои со евро-гол обезбеди бод за Нотингем Форест (ВИДЕО)
СледноКомпјутерска анализа: Манчестер С. ќе ја одбрани титулата во ЛШ!? (ФОТО)