Втора недела во низа Магдалена Стоилковска има подобар пласман. На денешното рангирање има и два поена повеќе и со вкупно 8 поени се наоѓа на 1244.то место или тоа значи скок од 68 позиции. Со скокот од 33 позиции од преходната недела Стоилковска на последните две рангирања има подобрувања за 101 позиција.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа пак има скок од осум места и сега се наоѓа на 218.то место. Има три поени повеќе во однос на претходната недела или 335.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа е во ТОП 300 и се наоѓа на 299.то место со 256 поени, подобар пласман за четири места од претходната недела, додека откако забележа поени на три турнири во конкуренција на двојки Стоилковска доби право да биде рангирана и со 6 поени се наоѓа на 1474.то место.
МАЛ ПАД ЗА ИВАНОВСКИ И СРБЉАК НА АТП ЛИСТАТА
Со истиот број поени од минатата недела македонските тенисери Калин Ивановски и Горазд Србљак имаат мала промена на АТП листата, пад за неколку места. Ивановски е на 330.то место (пад две позиции) со 160 поени, додека Србљак е на 1100.то место (пад осум позиции) со 9 поени. Обрад Марковски пак не успеа да ги одбрани поените и откако остана со 4 поени (два помалку) забележа пад од 169 места и сега се наоѓа на 1382.то место.
Во конкуренција на двојки Ивановски со 79 поени е на 631.то место (скок за четири позиции). Марковски и тука има пад од 81 место и со 21 поен (четири помалку) се наоѓа на 1219.то место. Берк Бугариќ е пласиран на 1339.то место со 16 поени (пад за девете позиции), додека Елдин Хусеиновиќ е на 2048.то место со 3 поени (пад за 13 места).
Од македонските тенисери оваа недела настап ќе имаат Калин Ивановски на фјучрс во Сетубал, Португалија, Горазд Србљак, Обрад Марковски и Шендрит Деари се на фјучрсот во Србија, со тоа што Марковски и Деари се дел од квалификациите.
Што се однесува до првите десет места, тука нема промени. Поредокот останува ист, Ѓоковиќ, па Алкараз.