Реал Мадрид на својот терен го победи Реал Сосиедад со 2-1 во дербито на петото коло во Ла Лига и на тој начин го задржа совршениот учинок. По овој натпревар во центарот на вниманието се најде помошниот судија, Пау Ноберт Дејвис, кој во 83 минута направи потег, кој ретко се гледа.
Тој втрча на терен, ја испрати толката до голманот Кепа за да спречи евентуално задржување на времето од страна на чуварот на мрежата на Реал.
Во фудбалските правила никаде не стои дека помошните судии имаат забрана да влезат на терен и да го направат потегот на Дејвис. Но, навивачите реагираа бурнo, сметаат дека судиите не треба да го прават тоа. Па токму затоа ова видео брзо се прошири на социјалните мрежи.
Assistant referee entered the field and passed the ball to Kepa to prevent him from time-wasting
byu/aleksandrovsqvist insoccer